Веројатно и вие бевте една од оние девојки кои ја обожаваа серијата „Pretty Little Liars“ и сите девојки што беа дел од истата, а особено комбинациите во кои се појавуваа и секогаш воодушевуваа.

Една од познатите актерки што се појавија во серијата е и прекрасната 32 – годишна Шеј Мичел која неодамна објави дека го очекува првото дете со нејзиниот партнер Мат Бабел.

Бременоста таа ја откри со топлес фотографија на Инстаграм, по што следеа уште неколку други, како и откривање на полот на бебето што стана вирално видео на социјалните мрежи за многу кратко време.

Веста за бременоста дојде шест месеци откако таа објави на Инстаграм дека неодамна се соочила со спонтан абортус кој бил исклучително тешко искуство за неа, но морала да остане силна за да продолжи да се бори.

Во моментов, таа е на одмор со нејзиното момче низ Европа, па постојано објавува стилски фотографии од нејзините комбинации со кои секогаш го истакнува трудничкото стомаче.

Дека таа е една од најстилските дами во светот, докажува и со трудничкиот стил во кој не се плаши да експериментира, ниту пак да носи парчиња за кои многумина ќе кажат дека мжеби не се соодветни во бременоста.

Така, често можеме да ја видиме во тесни растегливи фустани, во комбинација од бициклисти и палто со копчиња, но и во шарамтнани широки фустани со кои ужива на прошетките на одмор.

Во галеријата, издвоивме неколку фотографии со кои по којзнае кој пат докажуваме дека Шеј Мичел е ултра стилска девојка што ја обожаваме.

Инфо и фото: Usmagazine.com

Објавено:
20 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.689 пати