Шер и Боб Меки ја прекинуваат долгогодишната соработка

18 март 2014

настап на VMA во 2010 година настап на VMA во 2010 година

Пејачката Шер преку својот Твитер профил откри дека таа и нејзиниот долгогодишен дизајнер на костимите, Боб Меки, ја прекинуваат соработката. Причината за ваквата одлука е презафатеноста на Меки, поради што не е во можност да направи 14 костими за нејзината последна турнеја насловена како „Dressed to kill“.

Шер на Оскарите во 1986 Шер на Оскарите во 1986

„Срцето ми е скршено, човекот кој работеше на сите мои костими од 1972 година, не може да биде до мене на последната турнеја. Без оглед колку сте вие разочарани, не знаете колку сум јас тажна. Сигурна сум дека Боб не разбира колку ќе ми недостасува. Имав чувство дека морам да ви кажам, плачам“, напиша Шер и дополнува: „Се обидов да го наговорам да го завршиме ова заедно, но имаше многу причини поради кои мораше да ме одбие. Премногу обврски и недостаток на време“.

Австралиското издание на магазинот Ел го исконтактира дизајнерот за да го слушнат и неговото мислење.

Шер на доделувањето на Оскарите 1988 Шер на доделувањето на Оскарите 1988

„Никој не сака да дизајнира за нејзината последна турнеја повеќе од мене, но моите професионални и приватни обврски преовладаа. После толку години соработка, чувствувам како да сум ја одбил помладата сестрам а колку луѓе имаат прилика да ја наречат Шер помлада сестра?“, изјави Меки.

настап на Шер од 2003 настап на Шер од 2003

За среќа на пејачката, таа веќе има алтернатива, па го ангажираше дизајнерот Хју Дурант, со кој веќе соработуваше на турнејата „Farawell“ во 2002 година и за време на настапите во Лас Вегас во 2008 година, а наскоро ќе видиме и што ќе произлезе од нивната трета соработка.

Објавено:
18 март 2014
Категорија: 
Сцена