На вчерашното доделувањето на наградите CFDA (Council of Fashion Designers of America) што се одржа во Њујорк се прославија најдобрите и најблескавите таленти од американската модна сцена.
На црвениот тепих на доделувањето на наградите блеснаа голем број звучни имиња од модната и забавната индустрија, меѓу кои и легендарната Шер која се појави во импреисвен стајлинг дизајниран од Chrome Hearts.
Фото: Getty
76-годишната пејачка го привлече вниманието со црната кожна вечерна макси тоалета со висок шлиц, и горен дел збогатен со повеќебројни ремени и токи кои му доадоа моторџиски шарм на изгледот. Шер го комплетираше стајлингот со мрежести хулахопки и впечатлив сребрен накит (гердан и нараквица), исто така дизајнирани од Chrome Hearts.
Фото: Vogue
Шер, позната како вљубеничка во кожната гардероба, соработуваше со Chrome Hearts повеќе пати во текот на годините. Всушност, таа е една од првите славни клиенти и поддржувачи на брендот, а првпат се сретна со ко-основачот Ричард Старк во 1998 година. Оттогаш Chrome Hearts стана баран и многу популарен бренд, сакан од сите од Џеј Зи до Тимоти Шаламе и The Weeknd.
Фото: Getty
Ноќта го одрази брзо менувачкиот пејзаж на денешната американската мода, а во рамките на церемонијата, на Skims (брендот лансиран од Ким Кардашијан) му беше доделена новата награда за иновации, претставена од Amazon Fashion. Лени Кравиц ја доби наградата „Модна икона за 2022 година", а на Обединетите нации им беше врачена наградата за одржливост на животната средина.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Во прилог, погледнете ја и галеријата од најдобро облечените за време на вчерашната церемонија.
Фото: Vogue