Шерон Стоун (64) жена-харизма на црвениот килим во Кан

26 мај 2022

Во еден напис денеска, појавувањето на Шерон Стоун на црвениот килим во Кан, беше опишано како: половина жена половина харизма на Канскиот филмски фестивал.

И ќе се согласиме дека навистина е така.

Модно брилираше на црвениот килим на француската ривиера на 75-то издание на фестивалот.

До сега неколкупати се појави и со секое појавување е различна, посебна и секако атрактивна за јавноста. Не само поради тоа што го носи (а носи перфектни и за неа складни дизајни), туку поради тоа како го носи и како знае во тие неколку минути на црвената патека, да направи цел филм.

Тоа ѝ успеа и вчера на премиерата на биографскиот филм „Елвис", кога воодушеви во црвена тоалета од Долче и Габана со дискретен сјај, во духот на стариот Холивуд.

Тоалетата е креирана специјално за неа. Ако сѐ уште се прашувавте зошто Шерон Стоун е безвременска...

Многу помлади колешки може да учат стилски лекции од оваа дама на црвениот килим.

Фото: Daily mail

Објавено:
26 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.945 пати
Тагови: 
Шерон Стоун Кан