Шерон Стоун: Го платив хонорарот на Дикаприо откако филмското студио одби

31 март 2021

Актерката Шерон Стoун во својата нова автобиографија The Beauty of Living Twice, открива интересни детали околу филмот The Quick and The Dead од 1995 година и Леонардо Дикаприо.

Тогаш 21-годишниот актер ја фасцинирал Стоун на аудицијата, па таа како ко-продуцент на филмот инсистирала тој да ја добие улогата.

Откако студиото Три Стар Пикчрс одбиле да го исплатат хонорарот за Дикаприо, Шерон Стоун го сторила тоа од свој џеб.

Во филмот, освен Стоун и Дикаприо глумат и Џин Хекман и Расел Кроу

Важно е да се напомене дека вестернот The Quick and The Dead излезе во 1995 г, цели 2 години пред Титаник и светската слава која го вивна Леонардо кон ѕвездите. 

Во мемоарите таа пишува:

,,Детево по име Леонардо Дикаприо, беше единственото кое одлично се покажа на аудицијата. По мое мислење, беше единствениот кој дојде, плачеше молејќи го татка си за љубов додека умира во сцената."

Мемоарите на Шерон Стоун

Освен интересни моменти од нејзината кариера, 63-годишната актерка во автобиографијата споделува и детали околу приватниот живот. 

Во 2001 и' била направена операција за отстранување на бениген тумор на градите, а нејзиниот доктор и ја зголемил величината на градите, без нејзина дозвола и сознание, мислејќи дека ,,...така ќе изгледа подобро".

Објавено:
31 март 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.872 пати