Шинед О Конор откри зошто ја избричи главата во 80-те

8 февруари 2014

Светски познатата пејачка и текстописец, Шинед О Конор откри дека во 80-те години ја избричила главата зашто во тоа време било многу тешко да си жена, а музичката индустрија била предодредена за машките изведувачи. Ирската пејачка се појави на музичката сцена со својот контроверзен изглед и изразени политички ставови, a тоа беше доволно да ја забележат и да потпише договор на само 17 години. Тој период, како што вели, бил многу тежок за жените во музичката индустрија.

-Менаџерите сакаа да имам долга коса и да носам кратки здолништа. Мене тоа не ми се допаѓаше. Отидов во првата берберница и ја избричив главата, објаснува бунтовната пејака во емисија на Опра Винфри.

За да се заштити, Шинед ја бричи главата и се облекува како машко, за да биде помалку привлечна.

 

Објавено:
8 февруари 2014
Категорија: 
Сцена