Шон Мендес и Камила Кабејо официјално во врска?

8 јули 2019

Откако неодамна го објавија видео спотот за нивниот голем хит „Сењорита“, шпекулациите дека Шон Мендес и Камила Кабејо се во врска не стивнуваат.

Деновиве беа објавени папарацо фотографии на кои се гледа како тие се прегрнуваат и разменуваат нежности, што дополнително ги „разгоре“ озборувањата.

Иако и двајцата ја негираа нивната врска, се чини фотографиите го докажуваат спротивното. Двојката беше фотографирана на прошетка и ручек со сестрата на Камила и мајката на пејачот, двајцата облечени во лежерно, спортско издание.

Викендов пејачот имаше средба со неговите обожаватели на која одговараше прашања, а кога во еден момент една девојка го праша дали е во врска со пејачката, тој одговори негативно.

Инаку, Камила и Шон се пријатели долги години, па така и ги оправдуваа сите досегашни заеднички средби како онаа за 4 – ти јули и посетите на Камила на концертите на Шон.

Инфо и фото: Daily mail

Објавено:
8 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.366 пати