Шон О’Преј е најплатен машки модел во светот

15 октомври 2013

Неговото место го презеде Шон О’Преј. Тој е американски модел кој бил откриен преку My Space, а неговото портфолио е полно со соработки и кампањи, меѓу кои се H&M, Зара, Кензо и Картиер. Исто така Шон беше дел од спотот на Мадона за песната „Girl gone wild“, а магазинот Форбс го прогласи за најплатен машки модел во светот, со годишна заработка од 1, 5 милиони долари.

Колку за споредба дека жените се повеќе платени модели ќе спомнеме само дека неговата колешка Жизел Бундшен заработува годишно 40 милиони долари повеќе од него. Иако минатата година беше главен модел во неколку модни кампањи, сепак најголема заработка му донесе ангажманот за парфемите на Џил Сендер и Виктор и Ролф.

Втор на листата најплатени машки модели е миленикот на Долче и Габана, Британецот Дејвид Ганди со заработка од 1, 4 милиони долари, а на третото место со заработка од 1, 1 милион долари е Симон Несман.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Сцена