Што им забранува Викторија Бекам на вработените?

2 февруари 2015

Екипата на британското издание на магазинот Elle ја посети Викторија Бекам на нејзиното работно место. Во продолжение следи краткиот разговор со неа, каде ќе дознаете повеќе за нејзините работни навики, во какви обувки доаѓа на работа и како се облекуваат нејзините вработени:

Која е првата работа што ја правите кога ќе дојдете на работа?

-Ги спуштам чантите и кесите. Секогаш имам многу чанти и кеси со себе, преполни со сè и сешто. И секогаш сум среќна. Многу сум среќна кога наутро ќе зачекорам во канцеларијата. Ќе позборуваме со асистентот, на сите им велам „здраво“, а потоа го разгледуваме планот за тој ден. Потоа пијам една шолја чај. Потполно британски!

Чај?

-Чај. Не пијам кафе – замислете! Пијам само црн чај. Или од нане, или зелен. Без шеќер.

Што се наоѓа во Вашата прва фиока?

-Немам фиоки на канцелариското биро. Имам многу модни магазини, беспрекорно распоредени. Ако нешто ми затреба, го барам во приборот на моите деца.

Како би Ве опишале вашите стажисти?

-Сакам да мислам дека би рекле дека сум љубезна и ги почитувам. И дека сите заедно напорно работиме, затоа што тоа е вистина.

Кои парчиња облека ќе ги наследи Харпер?

-Ја собрав колекцијата на Биркин и Кели чантите во текот на годините, па претпоставувам дека ќе ги сака. И мојот накит исто така. И уметничките предмети... Иако верувам дека тоа и момчињата веројатно ќе го сакаат. Дејвид и јас многу го почитуваме Џулијан Шнабел.

Техника за ослободување од стресот?

-Многу вежбам. Секој ден во 6 часот наутро трчам неколку милји на лента, а потоа работам со мојот тренер, Трејси Андерсон. Потоа ги будам децата и ги подготвувам за училиште.

Што ручате?

-Јапонска храна. Порачувам кутија со различни работи, за сите во студиото.

Униформа за работа?

-Ја немам. Мислам дека е важно сите да се чувствуваат слободно да носат сè што сакаат. Но не дај Боже некој да се појави во UGG чизми!

Но, мислевме на Вас. Што е Вашата работна униформа?

-Па, вчера носев машки фармерки и Ванс патики... Најчесто носам рамни обувки. И удобни, поради скалите што ги имам во студиото.

Последната работа која ја правиш пред да излезеш од канцеларија?

-Им се заблагодарувам на сите.

Објавено:
2 февруари 2015
Категорија: 
Сцена