Што кажа Наоми Кемпбел за скандалозната насловна на Вог?

27 март 2014

Во телефонско интервју за утринска емисија на една австралиска телевизија, британскиот топ модел Наоми Кемпбел, имаше прилика да го каже своето мислење во однос на последната насловна страна на реномираниот магазин Вог.  По прашањето на водителите за тоа како jа доживеала насловната со Ким Кардашијан и Канје, Наоми кратко одговара: Немам коментар, а веднаш потоа почнува неконтролирано да се смее. Кога смеата престанува, таа продолжува да разговара на истата тема.

-Веќе 28 години сум во модниот свет и кога ќе добиете насловна на Вог, тоа значи дека сте чекор понапред во кариерата. Ако Ана одлучила тие да бидат на насловната страна, тогаш за што зборуваме, вели Наоми. На прашањето дали смета дека Ким и Канје не заслужија таков третман, црномурестата  моделка возвраќа со дипломатски одговор.

-Тоа се ваши зборови, не мои. Јас сум политички коректна.

Погледнете како тоа дури ни Наоми не издржа да остане рамнодушна гледате во продолжение.

Објавено:
27 март 2014
Категорија: 
Сцена