Што очекува Мајкл Корс од еден модел

25 септември 2013

Project Runway - Front Row - Fall 2010 MBFW

Мајкл Корс октри како ги бира манекенките и моделите за своите ревии.

„Ми се допаѓа кога моделите можат да бидат камелеони“.

После 33 години во модниот свет, Американскиот дизајнер точно знае што сака - а тоа не е униформираноста.

„Не ми се допаѓа кога сите модели изгледаат исто. За мене е тоа неверојатно здодевно. Многу е поинтересно ако манекенките се со различна возраст, етничка припадност, типови на тело, тежина. Така, во ревијата може да се забележи и Френки Рајдер која е во нејзините доцни триесети и Кара Елсон, до девојки кои штотуку наполниле 17 години. Исто така, одиме од најсветлите до најтемните кога е тенот во прашање. Истото се однесува и на модата на улиците, кога жените се како униформирани. Затоа сакам да им предочам дека е важна личноста и личниот печат“, вели дизајнерот.

Тој додава дека особено му се допаѓаат девојките од Естонија, и многу често соработува со нив.

-Мислам дека се многу женствени, секси и силни во исто време. Но, идентитетот и личноста се се!“, порачува  Корс.

Објавено:
25 септември 2013
Категорија: 
Сцена