Што се случува со лицето на Рене Зелвегер?

22 октомври 2014

Актерката која се прослави со „Дневникот на Бриџит Џонс“, Рене Зелвегер предизвика лавина коментари и големи конфузии со нејзиното појавување на ELLE наградите во понеделникот вечер во Лос Анџелес. Со драстично променет личен опис таа ги збуни присутните и ги подгреа гласините дека е се поголем поборник на пластичната хирургија.

Дел од експертите сметаат дека во претходните нејзини јавни појавувања главен виновник е фотошоп со што ги ставија под знак прашалник естетските зафати.

Како и да е во овој случај е логично да има поделени мислења. Сепак актерката за медиумите изјави дека констатациите за хирушките зафати се глупави и неосновани.

„Се чини дека некои луѓе немаат друга работа, освен да копаат по туѓите животи за да најдат нешто кое ќе им донесе рејтинг, гледаност и популарност.  Меѓутоа мило ми е што не сите го имаат истиот став. Јас сум здрава и во комплетна хармонија со себе“, рече 45 – годишната актерка.

Рене имаше дискретна шминка на лицето, со малку руж и впечатлив слој на маскара за да го нагласи погледот.Пред само два месеци популарната Бриџит Џонс изгледаше вака:

Сепак шармантната актерка вели дека тие не треба и не смеат да бидат параметар во оценувањето или носењето на некаков суд за женската убавина, туку само некаков индикатор кој може но не мора да биде секогаш вистинит.

На доделувањето на наградите во Лос Анџелес, Рене носеше црн миди фустан на Каролина Херера, кој во горниот дел го красеше црна тантела, на долги ракави, во комбинација со златни салонки. Актерката која неодамна изјави дека сака стане мајка, пристигна со својот партнер Дојл Бранам. Таа исто така неодамна откри дека е свесна дека доколку сака да се реализира во таа улога ќе мора тоа да го направи по пат на вештачко оплодување, но додаде дека тоа е најслатката жртва која со задоволство ќе ја направи.

 

 

 

 

Објавено:
22 октомври 2014
Категорија: 
Сцена