Шварценегер го прослави првиот роденден на магаренцето Лулу

1 мај 2020

Арнолд Шварценегер има неколку домашни миленичиња, но две му се посебно драги - понито Виски и магаренцето Лулу. За некого тоа е  небичен избор, но за актерот се неговите омилени другарчиња.

Често на социјалните мрежи споделува видеа со нив. Со оглед на тоа дека куќата на актерот во Лос Анџелес е огромна и има големо зелено пространство, за нив се направени сите услови, иако не е реткост да влезат и во домот и внатре да се дружат со семејството Шварценегер.

Неделава Лулу полнеше една година, а актерот ѝ испеа песна и ја почести со убави колачи. 

„Толку се добри, што нема потреба од роденденска свеќа. Лулу денес може да јаде слатки колку што сака“, се пошегува тој.

Покрај Виски и Лулу, актерот има и кученце, но сепак, кај него посебно место имаат овие двајца другари, кои му прават друштво  дури и кога има и состаноци во куќата, и кога вежба и кога се релаксира.

Погледнете уште неколку видеа од Лулу и Виски, кои се навистина преслатки.

Објавено:
1 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
372 пати