Сиа посвои двајца тинејџери: Живееја трауматично

22 мај 2020

Австралиската поп ѕвезда, 44-годишната пејачка Сиа, неделава пријатно ја изненади јавноста кога во едно интервју откри дека минатата година посвоила двајца 18-годишни тинејџери.

Претходно, двајцата тинејџери живееле под заштита на системот за згрижување на САД и имале прилично трауматично животно искуство.

„Момчињата живееле во 18 различни домови во текот на нивните 18 години и никогаш немале стабилност", открива Сиа во разговорот.

Таа додава дека со оглед на тоа дека има можности и ресурси, одлучила да ги посвои и да им овозможи услови да ги надминат траумите и проблемите со кои се соочиле во детството.

Изолацискиот период Сиа го поминува со своето ново семејство во Лос Анџелес,  односно со двајцата тинејџери кои сега имаат по 19 години.

За нив вели дека не го поднесуваат лесно овој период на ограничување на секојдневието, но дека се постојано зафатени со различни програми за едукација и вложување во себе, што секако посочува дека е добро за нив.

Други детали за нив се уште остануваат непознати за јавноста, но сигурно е дека Сиа ќе им посвети многу љубов и внимание, со оглед на тоа дека никогаш не криела дека многу сака деца.

Извор, фото: Daily mail, Bored Panda

 

Објавено:
22 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
646 пати
Тагови: 
Сиа