Сиена Милер е новата ѕвезда во филмот на Џејн Остин

13 февруари 2014

 

Сиена Милер ќе глуми во новата филмска верзија на Џејн Остин, која ќе се базира врз едно од претходните издадените дела на авторката Лејди Сузан. Оваа е најновата адаптација, насловен „Jane Austen's Love & Friendship“, каде Сиена ќе биде главната протагонистка, манипулативна, бескрупулозна и прекрасна вдовица која е во потрага по нов маж за себе и својата ќерка.

 

 

Како дел од актерската екипа ќе бидат и Клое Севињу, на која и е доделена улогата на најдобрата пријателка на Милер. Филмот кој е замислен во жанрот комедија ќе го режира познатиот режисер кој имаше две номинации за Оскар до сега, Вит Стилман.

 

 

„Приказната на брилијатната Лејди Сузан Вернон е во духот на комичното и преку приказот на социјалната слоевитост и економските прилики во тоа време е во потрага по нова свежина и ентузијазам. Имам прекрасна сторија, визија и одличен ансамбл“, изјави за Screen Daily, режисерот Стилман.

 

Објавено:
13 февруари 2014
Категорија: 
Сцена