Актерката Сиена Милер е одбрана да го презентира лансирањето на новиот „Форд Мустанг“ на европскиот пазар. Презентацијата се одвиваше во Барселона.
Американскиот сон за создавање на модели на автомобили кои беснеат и ги освојуваат улиците ја достигна точката на вриење. Освојувањето на Европскиот пазар е дамнешна желба која решија да ја остварат преку веќе подготвена стратегија и педесет годишно искуство. Во Барселона неприкосновената кралица на сите патишта и легенда која се раскажува со години, новиот „Форд Мустанг“ конечно на европско тло. Сиена Милер беше избрана за да го презентира новиот модел на овој автомобил.
Мустангот се карактеризира со високи перформанси, но исто така претставува слобода, позитивност и динамика. Она што е важно да споменеме, е дека својот роденден од пола век постоење го слави на 17 април 2014 година.
„Музата за оваа кампања дефинитивно ми беше Сиена Милер, сирена во црн фустан која вози бесно и освојува се пред себе. Форд Мустангот е вистинскиот автомобил за сите оние кои имаат младешки дух во себе“, изјави дизајнерот Ранкин.