Силуваните жени на Козби на насловната на New York магазин

27 јули 2015

Насловната страна на овонеделното издание на New York magazine привлече големо внимание, бидејќи на неа се 35 жени што го обвинуваат Бил Козби за сексуален напад.

Во прилог на ова одат и индивидуалните приказни на секоја од жртвите, со обвиненија против Козби, проследени со нивни портретни, но и групни фотографии.

Сведочењата за искуствата ќе бидат достапни и во писмена и во видео форма, кои како велат, ќе ги прикажат различните начини на вознемирување што ги правел со децении. Приказните на секоја од 35 –те жени што се одлучија да зборуваат имаат бројни сличности.

Инаку, насловната страна, со празното столче на крајот, своевидно е поддршка и покана до останатите 11 жени (вкупно 46 го обвинуваат комичарот за сексуално злоставување), да се приклучат и да ја раскажат својата приказна. Но, истовремено со пораката „Не се плашам повеќе“, сакаат да допрат до сите жени што се соочиле со ваков ужас, да не стравуваат, да не се срамат гласно да зборуваат за тоа што го преживеале.

Викторија Валентино е една од жените што ја раскажаа својата приказна

За помалку од 24 часа откако се објави ова издание, ознаката „празно столче“ (хаштаг #TheEmptyChair) на социјалните мрежи е употребена преку 9.000 пати.

Меѓу 35-те жени што ја споделуваат приказната е и Барбара Боумен, која се запознала со Козби преку нејзиниот агент, во 1985 година, кога таа имала 17 години. Во текот на наредните две години, таа се среќавала со Козби, кој, како вели, ја дрогирал и силувал постојано.

Барбара Боуман го запознала Козби на 17 години

-Се чувствував како затвореник, како да сум киднапирана. Можев да одам по било која улица на Менхетен, во било кое време и да викам: „Бев силувана и дрогирана од Бил Козби“, но кој по ѓаволите ќе ми поверуваше? Никој, никој – раскажува Барбара.

Насловната ја работеле околу шест месеци, а дел од приказните можете да прочитате и овде.

Објавено:
27 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.951 пати