Прекрасната Синди Крафорд, позира за најновиот број на онлајн списанието Violet Grey. За филмските фотографски кадри кои ја заробија убавината и сензуалноста на манекенката, виновна е Ема Темпест. Неверојатниот избор на модни комбинации ги стилизираше Сали Линдлеј. Супер моделот која за претстојниот јубилеен 50-ти роденден ќе ја објави својата книга, импресионира со неверојатен сексапил, елеганција и моќна женственост заробени во црно – белите фотографски рамки кои наликуваат на филмски секвенци.
Покрај фотосесијата, Синди во интервјуто за списанието зборува за стареењето и за соработката од 90-тите со Хелмут Њутн.
„Знаев дека ако се појавам на дневна фотосесија со Хелмут, ќе ги допрам ѕвездите“, изјави Крафорд.
Погледнете ја галеријата и пробајте да ги задржите воздишките.