Синди Крафорд: Не сум имуна на годините

22 септември 2015

Супермоделот Синди Крафорд во февруари ќе наполни 50 години, а неколку пред роденденот ќе излезе и нејзината книга насловена како Becoming, во која ќе зборува за тоа како се справува со годините и како модната индустрија ги третира возрасните жени.

Како вели, иако многумина мислат дека таа изгледа исто, Крафорд признава дека не е имуна на ефектите што ги носат годините.

Оваа мајка на две деца, беше инспирација за многу модели, особено од поновата генерација, од Кара Делевињ па сè до Карли Клос. Синди е меѓу првите модели што го добија префиксот „супер“ и успеа да изгради име и бренд и без рекламата што ја нудат социјалните мрежи.

новата и старата генерација на супермодели

Повеќе од 30-годишното искуство, појавувањето на насловните страни на сите поголеми и поважни списанија, од Вог до Плејбој, ѝ даваат професионален и приватен багаж и право да биде дури и „недопирлива“.

Сепак, во книгата одлучува да им се приближи до сите „обични“ жени, признавајќи дека со наближувањето на 50-от роденден почнува да се јавува притисокот од годините.

„Двете бремености, првата на 32 години со синот Присли и втората на 35 години со Каја Џордан, моето тело се измени засекогаш, но тоа е „жртва“ што бев среќна што ја направив“, пишува Крафорд.

Иако раѓањето на децата ѝ донеле нејзиниот струк не биде веќе толку тенок, сè помалку цврсти гради, и сè поизразени кругови под очите, тоа не било причина за алармирање.

Синди со семејството

„Како и повеќето млади жени, не сакав да размислувам за стареењето, сè додека не влегов во 30-тите. Некаде околу 38-та сфатив дека не сум имуна на тој процес. Тогаш новинарите ќе ме прашаа, како се чувствувам со доаѓањето на 40-тата, а јас бев во стилот: „Вау, чекајте барем да наполнам 39, па да почнам да зборувам за тоа“, признава Синди.

Иако многу жени околу 50-тата би дале сè за да изгледаат како Крафорд на овие години, моделот признава дека има чувство на губиток, носталгија кон нејзиниот изглед во младоста.

Во извадокот од книгата објавен во Sunday Times, таа открива и дека се чувствува шокирано кога ќе се соочи со непријатни папарацо фотографии, кои сега не се поклопуваат многу со изгледот што таа долго време го креирала и што го нарекува „Илузија на Синди Крафорд“.

„Модел сум повеќе од 30 години и зависев од мојот изглед, мојата работа зависеше, па кога ќе ги видам овие промени или фотографии што навистина не ми се допаѓаат, морам да признам дека малку тешко ги доживувам. Малку повеќе. На времето пак, пристисокот да ги задоволиш потребите и очекувањата на модната индустрија беше навистина голем и моќен. Сè уште можам да облечам мини здолниште и чевли на вртоглаво висока потпетица, но на сет. Во приватниот живот, веројатно не“, објаснува супермоделот.

Токму оттаму, нефотошопираната фотографија на Крафорд, (за потребите на списанието „Мери Клер“, каде се гледаат сите несовршености – целулит, стрии, белези, доби голема популарност и сите веруваа дека не беше лесен чекор за неа. Нејзината храброст и став го поздравија голем број жени ширум светот, идентификувајќи се со таа фотографија.

Но, според Крафорд, тие биле сосема лажни и ја ставиле во чудна позиција, да се чувствува искористено.

-Се почувствував слепа. И бев многу конфликтна во врска со тоа, да бидам искрена. Таа слика не го рефлектира она што јас го видов кога се погледнав во огледало, или уште полошо, под светлата во соблекувалната. Тоа ме стави во тешка позиција. Не можев да излезам против фотографијата, бидејќи така ќе ги „одбиев“ сите луѓе кои се чувствуваа добро поради тоа. Но, исто така, не ја ни прифатив, бидејќи не беше реална. А, дури и да беше реална, немаше да сакам да ја прикажам така. Немаше да сакам да се видат тие недостатоци. Се почувствував навистина изманипулирано и конфликтно, па затоа одлучив да молчам – изјави моделката за Elle Canada, непосредно по објавувањето на спорната фотографија.

Во книгата таа зборува и за тоа дека отсекогаш морала да внимава на исхраната.

„За жал, никогаш не бев од оние девојки што можат да јадат што ќе посакаат и да не се здебелат (проклета да си Кејт Мос). Секако, кога си ветив себеси дека нема повеќе да јадам шеќер, леб или што и да е, сè на што мислев беше шеќер или леб или што било. На крајот, ја зацврстив идејата од 80 проценти добра, здрава храна, 80 проценти од времето и тоа успеваше кај мене“, пишуваа таа.

Во борбата со годините и килограмите многу ѝ помогнале советите од големите модни имиња, меѓу кои и Ричард Аведон, кој  рекол дека повеќе му се допаѓа кога лицето не ѝ е толку слабо. И Др. Себах и кажал: „додај малку килажа – да не бидеш преслава, ниту предебела. И држи се до таа килажа. Големите осцилации не се добри за кожата, бидејќи таа тогаш премногу се шири или собира“.

Објавено:
22 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.464 пати