Синди Лопер: Секогаш различна, а своја

1 јули 2013

Синди

Ако вашето мото е „Girls just wanna have fun“, тогаш веројатно сте љубител на 1980-тите, а после овој стих единствената асоцијација ви е Синди Лопер. Откачена, со многу бои на себе, со мешавина на панк и рок, оваа пејачка остави белег на музичката сцена, но и модната. Имиџот постојано го менуваше. Ја видовме и како блондинка и црвенокоса, дури и бринета, во сценски, но и елегантни варијанти... Таа не стравуваше да си игра со боите, стловите, дезените. Но, колку и да експериментираше, остануваше една жичка на панк,  и енергичноста, поради што секогаш знаете дека се работи за Синди.

Во продолжение погледнете како се развиваше стилот на Синди низ годините. Би ја имале ли истата смелост?

Објавено:
1 јули 2013
Категорија: 
Сцена