Сите креации на Балман за Џенифер Лопез...

27 август 2015

Конечно излегоа сите фотографии од фотосесијата на Џенифер Лопез и Оливие Рустенг за Paper, каде тие заедно се појавија на насловната на магазинот.

На истите можеме да ја видиме светската дива во фантастични креации на младиот дизајнер кој во моментов е еден од омилените на светските трендсетерки.

На насловната, можеме да ја видиме Џенифер во супер секси издание, во фантастично украсен фустан на Балман, со залижана коса и остро нашминкани очи и црвени усни. 

Фотографиите ја прикажуваат пејачката и актерка во исклучително секси издание, во какво што сме и навикнати да ја гледаме. На едната, таа носи секси комбинезон од тантела во темно сина боја со нагласен колан на половината, додека на другата раскошен фустан со фалти во темно сина и портокалова боја.

Исто така, можеме да ја видиме и во фантастични широки панталони и светкава колоритна блуза во стилот на Балман во која изгледа неверојатно добро.

Двете изданија на септемврискиот број на магазинот Paper, се целосно посветени на луксузот и луксузните парчиња, нивната вистинска вредност, што претставува лускузот денеска и каква е неговата иднина.

Објавено:
27 август 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
946 пати