Карл Лагерфелд е еден од оние луѓе кои знаат да го препознаат она што е специфично кај жените, да го искористи и воздигне како нешто посебно, па и да го преточи во ументост. Несомнено е голем креативец и човек кој е во постојана потрага по убавото и естетски привлечното.
Една од тие среќнички која го инспирилала големиот дизајнер, а покрај другото е и негова сродна душа, е актерката Дајан Кругер. Карл и Дајан прв пат се сретнаа кога таа имала само 15 години.
„Мојата прва фотографија како модел беше за Карл Лагерфелд. Веднаш ме освои со својот шарм и љубезност, како и неговата смисла за хумор, а нашето германско потекло придонесе за воспоставување на уште посилна врска која прерасна во успешна соработка“, вели Дајан. Таа е сега заштитно лице на козметичките производи на Шанел.
Британската пејачка Лили Ален во 2009 година потпиша договор со Лагерфелд со што таа станува заштитно лице на Chanel's Coco Cocoon чантата и оттогаш почна нивното големо пријателство. Карл го дизајнираше и венчаниот фустан на Лили за нејзината свадба во 2011 година.
Кира Најтли е заштитно лице на парфемот Chanel's Coco Mademoiselle од 2006 година и важи за една од миленичките на Лагерфелд. На почетокот на годинава таа се појави во краткиот филм за овој бренд насловен Coco Chanel.
„Јас со неа работам многу лесно и едноставно. Таа ги познава сите и нема проблем со нејзиното однесување во јавност, ја обожавам“, вели дизајнерот.
Како и Лили Ален и Кира одбра да носи Шанел венчаница кога се мажеше за Џејмс Рејтон овој мај.
Лагерфелд Блејк Лавли ја нарекува „a kind of American dream girl“.
Карл го зеде Баписта Џабикони под своите закрила во 2009 година и го направи водечко машко лице во Шанел, опишувајќи го како машка верзија на водечкиот модел Жизел Бундшен. Џабикони и денес е голем пријател со Лагерфелд и многу често го придружува на различни манифестации.
Моделката, а воедно и диџејка Лија Лезарк, мошне често зборува за нејзината блиска соработка со Карл Лагерфелд. Редовен посетител во првите редови на сите модни шоуа на Шанел. Никогаш се нема појавено во кампања на Шанел, но останува забележана како лице која постојано носи креации и модели токму на оваа модна куќа.
Француската актерка и поранешна љубов на Џони Деп, Ванеса Парадис, беше заштитно лице на Коко Шанел кампањата за истоимениот парфем во 1991 година и оттогаш Карл е многу близок со неа. Креативниот директор дури се обиде повторно да ги спои Деп и Парадис, но изгледа овој љубовен поход во улога на Купидон не му успеа.
Кога се појави Алекса Чанг, Лагерфелд се погрижи веднаш да ја „зграби“, претворајќи ја во своја модна икона, облекувајќи ја од глава до пети во моделите од Шанел, прераснувајќи во нејзин личен стилист.
Пејачката Рита Ора е најновата муза на Лагерфелд. Таа неодамна замина во Париз за да снима полноќен едиторијал облечена во различни Шанел парчиња, а Легерфелд инспириран од неа дизајнираше специјална наметка наречена „Ора“.
Британските модели Лаура Бејли, Попи Делевињ и Алекса Чанг ги позајмија своите тела и убави лица за да позираат во чест на Шанел како официјални заштитни лица на овој бренд. Што се не прават луѓето за популарност.
Лејди Аманда Харлех е оригиналната муза на Легерфелд. Таа се приклучи во куќата Шанел како креативе консултант во 1996 година и останува на своето место и до ден денес. Како и да е и Лагерфелд самиот изјавува веќе неколку пати дека во неколку наврати токму Аманда била извор на негова инспирација за создавање модни ремек дела.
Кара Делевињ своето официјално добредојде во Шанел го имаше во 2012 година, кога стана заштитно лице на Ресорт колекцијата за 2013 година. Исто така беше одбрана и за заштитно лице на гумените обувки Мелиса.
Постоеја различни шпекулации дека Ријана е инволвирана во тајна соработка со Лагерфелд за потребите на Шанел, но никогаш ништо не беше потврдено од оваа модна куќа. Сепак дека Ријана му е една од миленичките на Лагерфелд зборува и фактот дека токму таа ја промовираше „Лего“ клач чантата и постојано ги посетува неговите модни шоуа.
Себастијан Џондју работи за Лагерфелд веќе 14 години како негов личен асистент и телохранител. Неодамна тој стана лице на Шанел промовирајќи ја кампањата за линијата од сезоната есен-зима 2013 година.
„Тилда совршено ја отелотворува Париз Едимбург колекцијата,таа е Шкотланѓанка, но пред се е модерна жена и безвременска икона на елеганцијата“, изјави Лагерфелд. Карл е презадоволен од соработката со Тилда.
Дваесет и пет годишната Талула Харлех, ќерката на Лејди Аманда Харлех, самата себе се нарекува „Шанел муза во обука“. Како деца Талула и брат и своите летни одмори ги минувале во куќата на Карл во Biarritz.
„Мојот однос со Карл е повеќе од личен, тој е мојот псевдо-кум. Тој беше сведок со кој ги поминав тинејџерските луди години и ме насочи кон вистинскиот пат како да прераснам во вистински изградена личност“, вели Талула.