Сите совршени изданија на Блејк Лајвли во костум

21 август 2018

Блејк Лајвли за својата промотивна турнеја за филмот „A Simple Favor" има одлична маркетинг стратегија, со акцент на нејзиниот визуелен имиџ за оваа намена.

Имено, тематски на сите досегашни промоции на филмот, Блејк се појавува во различни верзии на безвременскиот костум. Веќе пишувавме за оној во интензивна зелена боја во кој изгледаше фантастично, а беше само најава за тоа што допрва следува...

Во многу наврати до сега, оваа млада холивудска актерка се покажала како вистинска стилска икона, со неверојатен стилски потенцијал, па со оваа ПР стратегија во која ништо не е оставено на случајност, само го потврди својот статус.

Она што е значајно да се потенцира е дека нема стилист и самата ужива во комбинирањето на аутфитите, притоа нагласувајќи дека не се плаши да ризикува кога изгледот е во прашање.

До сега ризикот и донесе завидна позиција не само во филмската, туку и во модната индустрија, како еден од омилените ликови со кои дизајнерите сакаат да соработуваат.

Во меѓувреме, ја видовме во уште неколку фантастични изданија во костум, како оној во комбинација со кратки панталони, комбинацијата со кариран дезен, со костумот во пруги со елек и комбинација со кадифе во загасита сина нијанса, а вчеравечер на VMA се појави во елегантна варијанта во бела боја со панталони во широк крој. И секако, ефектот е вистински кога жената има став и е сигурна во својот избор, а Блејк несомнено ги поседува сите адути.

Објавено:
21 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
878 пати