Во тек е Канскиот филмски фестивал, а секоја година речиси и да нема грешки кога станува збор за модата на црвениот килим.

Познатите актерки и манекенки вчеравечер се појавија во навистина спектакуларни креации, а имаше неколку што се издвоија со неверојатно секси фустани.

Најфотографирана на црвениот килим беше поранешната манекенка на Викторија Сикрет, Алесандра Амбросио која се појави во минималистички црвен фустан што ѝ прилегаше неверојатно.

Подеднакво секси беше и ѕвездата на филмот „Aquaman“ Амбер Хард која се појави во долга транспарентна и светкава креација со впечатлив кафен ремен на половината.

Вистинска принцеза од бајките беше младата актерка Ел Фенинг која во моментов го промовира нејзиниот нов филм „Teen Spirit“, која на црвениот килим блесна во раскошна цветна креација на Валентино со деколте и карнери на ракавите.

Како и секогаш, неверојатната 58 – годишна Џулијан Мур изгледаше супер елегантно во долг црн фустан комбиниран со кожена наметка со везени детали.

Подеднакво прекрасна беше и 51 – годишната Карла Бруни која беше пример за елеганција во долг темно син свилен фустан на едно рамо, а истиот го надополни со сандали на висока потпетица, мини чантичка и дијамантски накит.

За прв пат по раѓањето на нејзината ќерка со Винсент Касел, на црвениот килим се појави 22 годишната убавица Тина Кунакеи која изгледаше навистина егзотично во црн кадифен фустан и блескави дијаманти.

Канскиот филмски фестивал почна во вторникот, а ќе трае сè до 25 мај кога ќе бидат доделени и овогодинешните награди меѓу кои и главната, Palme D’Or.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
16 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
766 пати