Сите тетоважи на Бекам...

30 јули 2015

И повеќе од очигледно е дека Дејвид Бекам е вистински зависник од тетоважи. Неодамна, тој на својот врат, веднаш до името на Харпер, истетовира: „Pretty Lady“.

На своето тело, згодниот маж на Викторија Бекам има направено повеќе од 40 тетоважи, а во продолжение погледнете ги неговите 10 најдобри и што тие значат.

Што: Исус

Каде: На десната страна од торзото

Кога: 2010

Значење: Бекам ја направи оваа тетоважа во чест на неговиот дедо Џо Вест, веднаш откако почина.

Што: Бруклин, Ромео и Круз

Каде: На грбот

Кога: 1999, 2002 и 2005

Значење: Во чест на раѓањето на неговите синови

Што: Ангел – чувар

Каде: На врвот од грбот

Кога: 2000

Значење: Ангел - чувар за неговите деца

Што: Кинеска поговорка

Каде: Лева страна на торзото

Кога: 2008

Значење: Позната изрека на Конфучие

Што: Ангел

Каде: Врвот на десната рака

Кога: 2004

Значење: Веднаш по шпекулациите за неговата афера со Ребека Лос, Бекам истетовира ангел со зборовите: In the face of adversity…

Што: Римски броеви

Каде: На зглобот од раката

Кога: 2006

Значење: Конретен датум на кој се ветиле со Викторија.

Што:723

Каде: На левата рака

Кога: 2014

Значење:Бројките на неговите дресови за тимовите што играл.

Што: Dream big, be unrealistic

Каде: На десната рака

Кога: 2014

Значење: Стихови од песна на Џеј Зи.

Што: 99

Каде: На малиот прст.

Кога: Јули, 2015

Значење: Годината кога стапи во брак со Викторија.

Што: Името на неговата жена во санскрит

Каде: Внатрешноста на левата рака

Кога: 2000

Значење: Јавно потсетување на неговата огромна љубов кон Викторија.

Објавено:
30 јули 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
870 пати