Сите зборуваат за фустанот на Кендал Џенер

25 февруари 2019

Секој се труди максимално да ги искористи своите минути на внимание на Оскарите. Некој тоа го постигнува со пораката што ја праќа, некој со перформансот, а некој со изборот на облека.

Кендал Џенер се одлучи за третата опција и на забавата во организација на „Венити Фер“ се појави во фустан кој открива речиси сè.

Се работи за креација на Рами Кади, која во долниот дел има само две парчиња, едно напред и едно од задната страна. Нозете се голи, а при чекорењето, неизбежно беше да се види долната облека, што пак беше привлечен момент за сите медиуми.

Креацијата е смела и во пределот на деколтето, а и грбот е целосно откриен. На социјалните мрежи се појавија коментари дека и покрај тоа што е навистина згодна, ваквите модни избори се непотребни и дека почнува да оди по стапките на нејзините сестри.

На забавата присуствуваше и нејзиниот татко Брус Џенер, односно Кејтлин Џенер. Кејтлин носеше златен коктел фустан до колена, во комбиниција со бели чевли. 

Објавено:
25 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.052 пати