Сите зборуваат за новата фризура на Шарлиз Терон

3 септември 2019

Вчера актерката Шарлиз Терон на својот профил на Инстаграм објави фотографија во која медиумите препознаа интригантност и веќе денеска вирално ја пренесоа низ онлајн медиумската сфера.

Имено, се работи за фотографија на која убавата актерка има необична кратка фризура, што потсеќа на ретро трендовите од 90-те, а воопшто не е прашање дали ѝ прилега. Секако, ќе се уверите откако ќе ја погледнете фотографијата подолу!

Имено, се работи за фотографија од филмски сет од дветото продолжение на филмскиот хит „Брзи и бесни", каде Шарлиз ја репризира улогата на главната негативка Сајфер, која ја играше и во претходното продолжение пред две години.

Љубопитни сме дали после овој нов (наменски) имиџ на атрактивната актерка, повторно ќе се популаризира кратката ретро фризура, која и не ни беше баш меѓу омилените ако погледнеме неколку децении назад.

Деветтиот филм од серијалот „Брзи и бесни" својата премиера ќе ја има во мај 2020 година.

Објавено:
3 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.185 пати