Сите зборуваат за светкавите фустани на Бијонсе

18 ноември 2019

Во шоу-биз индустријата постојано е динамично и секојдневно нешто се случува. Но, викендов сето внимание изгледа се насочи кон Бијонсе.

Пејачката објави фотографии на својот Инстаграм профил за кои денеска сите зборуваат. Имено, викендов се одржа гала вечерта во организација на „Шон Картер фондацијата“, чиј коосновач е токму Џеј Зи.

Бијонсе за двете вечери одбра впечатливи светкави фустани.

Првата вечер се појави во златна креација, која ги истакнува нејзините облини. Се работи за фустан од дизајнерот Дејвид Кома, која во оригинал е транспарентна, но во случајот на Бијонсе е комплетно златна.

Со чевли во иста нијанса, долга пуштена брановидна коса, впечатливи обетки и клач златна чанта со знакот на „долар“, таа го заокружи изгледот.

Многумина во овој нејзин стајлинг пронајдоа инспирација за претстојниот празничен период.

Втората вечер се појави во уште полуксузна креација. 

Кројот е повторно сирена и повторно е ставен акцен на облините. Овој пат рамениците се откриени, а горниот дел е збогатен со пердуви. Сексапилот е истакнат и со големиот шлиц.

Се работи за фустан специјално изработен за Бијонсе, а го потпишува модната куќа „Роберто Кавали“. Тантелата која има сребрени и златни нијанси го прави гламурозен, а пејачката го искомбинира со сандали на ремче, со скапоцени камења. Водена дека од синтагмата „Повеќе е повеќе“, Бијонсе го заокружи изгледот со огромни светкави обетки во различни бои. 

За еден ден пејачката успеа да собере огромен број лајкови на фотографиите. Дел од нив имаат и преку четири милиони допаѓања.

Која комбинација ви се допаѓа повеќе?

фото: Instagram.com/Beyonce

Објавено:
18 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
996 пати