Скарлет Јохансон и Метју Меконахи во улога на љубовници за Долче и Габана

16 јули 2013

Двајцата познати актери го снимаат новиот „филм“, за промоцијата на новиот парфем „The One“  на неприкосновеното дуо Долче и Габана,  во режија на единствениот Мартин Скорсезе.

 

 

Приказна е за двајца љубовници, Скарлет Јохансон и Метју Меконахи, кои низ улиците на Њујорк се возат со Алфа Ромео кабриолет во винтиџ варијанта. Нивните енергии се привлекуваат, нивните сетила подивуваат, а тие уживаат во моќта на есенциите и сензуалните ноти на нивниот совршен ѕвезден свет.

Ова се ексклузивни фотографии од снимањето:

 

 

Објавено:
16 јули 2013
Категорија: 
Сцена