Скарлет Јохансон потврди дека е бремена
•
5 март 2014
Холивудската актерка и моделка Скарлет Јохансон ја потврди веста дека го очекува своето прво дете со нејзиниот вереник, францускиот новинар Роман Дауријак. Сега засега и двајцата новопечени родители не размислуваат за венчавка, а неодамна Скарлет го доби почесниот „Цезар“.
Нејзиниот здолемен стомак на овој настан ги поттикна шпекувалициите за бременоста, а потврдата за блажената состојба ја соопшти нејзината портпаролка за странскиот магазин „Пипл“. Инаку, Скарлет пред три години беше во брак со актерот Рајан Рејнолдс.