Скарлет Јохансон во нова кампања за Долче и Габана

17 јули 2014

Иако муза на модната куќа е Моника Белучи, сепак дизајнерското дуо за овој проект  реши да ја ангажира актерката Скарлет Јохансон која според нив е „Мерилин Монро на новото време“. Долче и Габана лансираа кампања со која ја промовираа првата линија крем – сенки за очи, а за потребите на снимањето, Скарлет носеше црн фустан со точки, со цел повеќе да личи на типична Италијанка. Погледнете ги фотографиите и сами проценете дали го постигнале саканиот ефект.

Објавено:
17 јули 2014
Категорија: 
Сцена