Скроено по мерка од кралот на модата Џорџо Армани

6 септември 2013

Во рекламната кампања за новата колекција Made to Measure, имате ретка можност да го видите Џорџо Армани во тројна улога и тоа фотограф, дизајнер и набљудувач.

-Ми се допаѓа идејата да бидам моден набљудувач. Вниманието кое им го посветувам на деталите додека креирам всушност се „ситници“ кои се главни карактеристики на ДНК-то  на мојот бренд, а линијата Made to Measure ја претставува нејзината највисока експресија до сега, објаснува дизајнерот. Од зад објективот, Армани создаде сопствен автопортрет во црно бела варијанта, каде носи, јакна од чиста волна, закопчана со само едно копче. Силна промена на изгледот за овој дизајнер, кој сме навикнати да го гледаме во црна маичка на кратки ракави.

 

 

-Носењето на вратоврска и јакна, е секако една нова моја визија која е различна од онаа на која луѓето се навикнати да ме гледаат, искоментира дизајнерот.

Кампањата своето деби ќе го има на 11 септември, во сите весници и списанија ширум светот. Брендот ќе го лансира и својот веб- сајт посветен на линијата Made to Measure, преку кој  корисниците ќе можат да закажат он -лајн состанок и во исто време ќе имаат можност да ја изгледаат целата палета на стилови кои се на располагање.

-Мојата порака е дека кроењето денес повеќе не е поврзано само со формалната облека, заклучи дизајнерот и додаде:

-Едно парче фустан од новата колекциј, би стоел добро и на некој кој има динамичен стил на живот, благодарение на промените кои се направени поединечно кај секое парче по барање на клиентите со цел добивање на краен производ кој ќе биде удобен и практичен за носење, завршува дизајнерот.

 

Објавено:
6 септември 2013
Категорија: 
Сцена