Слаткиот Ромео Бекам ни праќа Барбери љубов од Лондон!

4 ноември 2014

Иако тој го имаше неговото модно деби за брендот минатата година, слаткиот Ромео Бекам изгледа навистина неодоливо во новата, божиќна " target="_blank">кампања за Барбери едноставно насловена „From London with Love“.

Во видеото се појавуваат и голем број постари машки и женски модели, но сепак, синот на Дејвид и Викторија Бекам дефинитивно е во центарот на вниманието.

Слаткиот Ромео бил избран од страна на креативниот директор на брендот, Кристофер Бејли, а ова дефинитивно не е нивната прва соработка, со оглед на тоа што покрај во неколку видеа, синот на Дејвид Бекам се појави и во бројни фотосесии.

„Оваа божиќна кампања е збир на сето она што е обожувано во Барбери – познатиот мантил, марамите од кашмир, фантастичната музика, времето во Британија и секако, соработката со талентирани луѓе. Нас ни претставува огромно задоволство тоа што можеме да работиме со малиот Ромео, тој има неверојатен шарм, стил и позитивна енергија како никој друг. Почестени сме што токму тој ја има водечката улога во нашата нова кампања“, изјави Бејли.

Во видеото, Ромео го носи познатиот мантил на брендот во комбинација со марама со боите на Барбери и со неговите иницијали испишани на истата. Во друга сцена, малиот Ромео изгледа неодоливо и многу посериозно во црн костим со пеперутка вратовска, додека на крајот, тој се појавува во металик мантилче со потпис на брендот.

Дел од видеото се и околу 50 – тина феноменални танчери кои играат на кореографија создадена од Лајн Пејџ, на музика специјално направена за рекламата со наслов „The Way that I Live“.

Одличната божиќна реклама на Барбери нѐ потсетува на неверојатната магија на најубавите празници и единственото чувство кога некого ќе израдувате со специјален подарок.

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Сцена