Славни мажи што позајмуваат женски парчиња

2 април 2014

Доказ дека постојат мажи кои храбро применуваат комбинации од женски парчиња облека и аксесоари се славните: Џони Деп, Расел Бренд, Фарел Вилијамс, Кание Вест и Рони Вуд. Фотографирани низ годините на разни настани, модни шоуа, на улица, црвен килим,  тие си дозволуваат  да позајмат парчиња од плакарите на своите понежни половини, а да ги износат на оригинален начин мажествен начин.

Џони Деп моментално е актуелен со женскиот модел на веренички прстен  кој  го позајмил од неговата свршеница, а исто така храбро изјавува дека ужива носејќи женски аксесоар.

 

Расел Бренд фотографиран на улица во широки женски модел на бохо панталони. По оваа фотографија светските медиуми не пропуштија да го коментираат дека заборавил да ги промени панталоните по јога вежбите.

 

Оваа фотографија на дизајнерот Марк Џејкобс дефинитивно ќе биде запаметена. Тој на црвен килим се има појавено во женска макси транспарентна кошула од тантела под која носи кратки бели панталони. Ваквата негова ексцентрична појава ќе остане длабоко  во модната историја.

 

Музичарот и дизајнер Фарел Вилијанс и неговата сопруга Хелен се имаат појавувено заедно со идентичен ѓердан на нивниот врат од популарниот бренд Шанел.

 

Кание Вест на едно од изданијата на фестивалот Коачела се појави во впечатлива женска принт кошула од Селин.

 

Рони Вуд е личност кој ги обожува моделите на Ugg женските чизми. Откако славните дами како Кејт Мос и Сиена Милер ги направија планетарно популарни, таквиот тренд не го заобиколи ниту Рони, за кој овој женски модел на чизми е незаменлив.

 

Објавено:
2 април 2014
Категорија: 
Сцена