Слушнете ја новата песна на Каролина и Пијан Славеј

4 ноември 2021

Каролина Гочева на социјалните мрежи најави нова соработка помеѓу неа и Пијан славеј. Песната се вика „Крв да ни се стори“.

 

„Некогаш, од неврзан, "битолски" муабет во dm може да се роди нешто баш убаво...

"Крв да ни се стори" е танц на копнеење во двојка...од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино. Веќе можете да ја чуете на мојот официјален YouTube канал и fb профил“, напиша Каролина.

 

Инаку, дел од соработката е и Дуке Бојаџиев, со која Каролина работи и на новите песни.

Во продолжение ве оставаме да ја слушнете песната:

 

Објавено:
4 ноември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
571 пати