Слушнете ја песната што ќе ја претставува Македонија на детската „Евровизија“

13 ноември 2021

 Тинејџерите од актерската екипа од популарната тв серија „Дајте музика“ ќе бидат нашите годинашни претставници на детската „Евровизија“. 

Песната премиерно беше претставена вчера на националниот сервис, кој и го направи изборот токму тие да бидат претставници на Македонија во Париз следната година.

Инаку, песната има еко-порака и преку неа сакаат да го кренат гласот за заштита на животната средина, односно за спас на планетата Земја. Музиката е на Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков, а во продолжение слушнете како звучи и воедно погледнете го спотот:

 

Објавено:
13 ноември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.200 пати