Смелите фустани на Кејт Хадсон во Венеција

7 септември 2021

Филмскиот фестивал во Венеција приредува вистинско модно шоу. Познатите ѕвезди како едвај да чекаа да прошетаат повторно по црвениот килим.

Видовме многу успешни модни комбинации претходните денови, сосема гламурозни и интересни за овој европски настан. 

Меѓу оние што успеаја да привлечат внимание беше и актерката Кејт Хадсон. 

Одамна не се појавила во јавноста, а уште помалку на црвениот килим и одлучи овој пат довербата да ѝ ја даде на модната куќа „Валентино“.

Зачекори во црвена долга креација со смел горен дел. Имено, фустанот во долниот дел е слоевито здолниште од тул, додека пак, горниот дел е транспарентен со волуменозни ракави и висок околувратник.

Горните атрибути ѝ ги покриваат две ленти од тантела, истата која ја има на ракавите и вратот.

Фризурата и шминката беа лежерни, така што креацијата сосема дојде во преден план.

За некои овој нејзин моден избор е провокативен глам, но за други е многу блиску до модна катастрофа.

Дел од публиката смета дека актерката изгледа одлично и никогаш посексапилно, додека пак други сметаат дека имала далеку подобри модни изданија, како и дека оваа креација не ѝ прилега на возраста.

Каков е вашиот впечаток?

Од друга страна, црниот фустан во кој се појави на забавата на Bulgari измами многу повеќе комплименти.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kate Hudson (@katehudson)

 

На фотографиите е заедно со Деми Мур и Еиза Гонзалес и сите три изгледаат фантастично.

Погледнете:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @eizagonzalez

 

 

 

Објавено:
7 септември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.541 пати