Смокинг за него и за неа од премиерата на филмот Runner Runner

19 септември 2013

Вчера вечер во Лас Вегас се одржа премиерата на филмот Runner Runner  во кој главната улога ја делат Џастин Тимберлејк, Бен Афлек и Гема Артертон. На црвениот килим Џастин се појави со неговата сопруга Џесика Бил, со која наскоро ќе прослави една година од бракот.

Она што е најинтересно од моден аспект е тоа што Џастин и Џесика се облечени речиси исто. Двајцата носат црн смокинг, само едниот во поженствена варијанта. Џесика својот совршен смокинг од Долче и Габана го комбинираше со едноставна бела кошула, исто како и нејзиниот популарен сопруг, додека на нозете таа има полу сандали со шпиц,  во рацете држи мала квадратна чанта која изгледа на мини актовка. Косата и е тргната од лицето и врзана во едноставна пунџа, а единствен накит што го носи е венчалниот прстен. Актерката Бил не претера ниту со шминката, која одлучи да ја сведи на минимум. Овој славен пар на црвениот килм изгледа фантастично, зар не?

Објавено:
19 септември 2013
Категорија: 
Сцена