Со ревија во Јапонија, Макс Мара го прослави својот 60-ти роденден

9 ноември 2013

Позната италијанска модна куќа „Макс Мара“, пред два дена со модна ревија во Токио, одбележи шест децении постоење и творење на модната сцена. Внимателно селектираниот избор на дизајни, на свој начин покажаа зошто овој моден бренд веќе 60 години важи за највлијателните и најпостојаните во модниот свет.

Гламур, шик, елеганција, квалитет и престиж , се синоними кои го дефинираат модниот имиџ на „Макс Мара“. Повеќедецениското постоење на модната сцена само го потврдува фактот дека клиентите ширум светот знаат да го препознаат квалитетот и убавината на она што го нуди оваа модна куќа.

Во главниот град на Јапонија, настанот го испочитуваа со свое присуство некои од најпознатите имиња на јапонскиот шоу-бизнис како актерката Риоко Нонекура, но и холивудската дива Џенифер Гарднер. На забавата и значајниот јубилеј присуствуваше и директорот на „Макс Мара“, Луиџи Марамоти.

Објавено:
9 ноември 2013
Категорија: 
Сцена