Со торта во лице Селма Хаек го прослави 53. роденден

4 септември 2019

Откако претходно го најави, актерката и го прослави 53. роденден. Таа на Инстаграм профилот сподели две видеа, во кои се гледа дел од атмосферата.

На едното од нив се гледа како сопругот Франсоа Анри Пино буквално ѝ ја бутка главата во тортата, што измамува насмевка и кај неа, но и кај присутните на роденденот. Причината за возбудата е поради тоа што не се работи за шега, туку меканска традиција.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) onSep 2, 2019 at 11:32am PDT

 „Ја сакам мексиканската традиција, но најдобар дел од сè е бакнежот. Ти благодарам љубов, најдобар си“, напиша актерката.

На другото пак, таа пее заедно со маријачи и ужива. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) onSep 2, 2019 at 8:23am PDT

 Прославата се случила во еден ресторан во Лондон, а во присуство на најблиските пријатели и роднини.

 

Објавено:
4 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
628 пати