Сопственичката на Nasty Gal ве советува како да станете успешна жена - шеф!

6 мај 2014

Во 2006 – тата година, 22 – годишната Софиа Аморусо, сосема обична бунтовничка, девојка која што не била голем фан на образованието и која што единствено била вљубена во собирањето на стари работи од секакви места, лансира eBay продавница наречена едноставно Nasty Gal Vintage во која ја вложува сета своја надеж.

За кратко време, Софиа успева да собере повеќе од 60.000 фанови кои ја обожуваат нејзината винтиџ колекција која е нешто сосема свежо и поинакво на пазарот.

Она што за неа почна како смел потег на една девојка за покренување на сопствен бизнис на eBay, за многу кратко време прерасна во глобален тренд чии обожаватели се некои од најголемите ѕвезди на денешницата.

Ријана е една од многуте ѕвезди - обожавателки на Nasty Gal Ријана е една од многуте ѕвезди - обожавателки на Nasty Gal

По вкупно осум години, нејзиниот бренд познат под името Nasty Gal успева да продаде повеќе од 100 милиони парчиња облека и модни додатоци – нови, но и винтиџ парчиња. Креативната Софиа денеска поседува и огромна модна куќа која што се протега на околу 6.000 метри квадратни во Лос Анџелес каде се создаваат нејзините одлични парчиња. Таму, има вработено околу 350 креативни луѓе, а на социјалните мрежи ја следат повеќе од еден милионн фанови.

По повеќе од осум години, уникатната Софиа ги споделува тајните на успехот со нејзините фанови и соработници за кои ќе каже дека и се премногу драги.

Во продолжение, доколку ви е потребна инспирација за започнување на нешто тотално ваше и уникатно, прочитајте што Софиа има да ви каже за тоа како се станува вистинска и успешна жена шеф!

1.На почетокот, сѐ мора да работите сами!

Кога Софиа била во почетоците на нејзиниот бизнис, таа морала сѐ да работи сама. Во исто време, била промотер на својата продавница и линија, фотограф на парчињата, дистрибутер и секако – изработувач и пронаоѓач. Денот секогаш и почнувал во 06 часот наутро и истиот секогаш и носел различни обврски, меѓу кои и средувањето на фотографиите по неколку часа за да изгледаат совршено средени и чисти за промоција на нејзината линија.

„Во исто време средував фотографии, шиев, прикачував копчиња, комбинирав парчиња и материјали, па дури и ги пакував работите кои што требаше да бидат доставени на клиентите. Секогаш сѐ што правев сакав да ми биде совршено креативно за сето тоа да им се допадне на моите клиенти и повторно да се вратат кај мене. Требаше да бидам многу силна и издржлива“, вели Софиа.

2.Оставете ја вашата гордост настрана од вашата работа!

„Ако постојано се жалите дека вие имате повеќе да дадете или не сакате да го работите ова или она и дека некаде на друго место ќе земете повеќе пари за тоа, тоа нема да „запали“ кај никој. Ако сакате тоа да го правите, слободно направете го. Само во идеалниот свет нема да го правите тоа што не сакате, а таков засега нема! Многу луѓе од мојата генерација сѐ уште не разбираат дека сами мора да си го заслужите местото во општеството. На никој не му е грижа ако пополнувањето на фактури ви е под честа. Ако тоа не го направите вие, кој мислите дека ќе го направи?“, вели Софиа.

3. Поставете си ги целите пред вас, буквално...

Софиа верува во употребата на знаци, апстрактни зборови или симболи што ги претставуваат вашите цели (На пример, помислете на некој збор и извадете ги самогласките). Колку и да звучи чудно, таа ги поставува интернет лозинките како ветувања или финансиски цели за компанијата. „Секогаш кога треба да се најавам на некоја интернет страница, си се потсетувам за што всушност работам“, вели таа. „Тоа ми помага во моментите кога сум натрупана со бирократија и податоци, да не заборавам на тоа што всушност сакам да правам во животот“.

4.Само со мали чекори, ќе стигнете до голема компанија!

Креативната Софиа признава дека никогаш немало да создаде мултимилионерска компанија ако од самиот почеток била „загреана“ за тоа. Наместо тоа, таа почнала со мали чекори – почнала да купува парчиња, да ги фотографира, па да ги поставува на eBay. „На почетокот единствено лесно беше одбирањето на име за компанијата и поставувањето на првата фотографија. После тоа, морав да создадам целосен бизнис план за тоа како ќе се движи мојата компанија, нешто што воопшто не беше лесно. За среќа, сѐ излезе добро и една аукција на eBay водеше кон друга, за на крај да создадам моја Интернет страница, нешто што ме одведе до самостојно дизајнирање на облека, за на крајот да ја создадам денешната успешна компанија што ја поседувам“, вели за крај Софиа.

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Сцена