Соработка на Том Форд и Џорџ Клуни

27 март 2015

collage1

Дизајнерот Том Форд и актерот Џорџ Клуни ќе се впуштат во заедничка авантура, но не е поврзана со креативниот талент на Форд кога е модата во прашање. Се работи за ново филмско остварување, каде дизајнерот се појавува како режисер, а Клуни ќе биде продуцент.

Се работи за екранизација на романот, постмодернистички ноар трилер, Tony and Susan на американскиот автор Остин Рајт. Делото ја следи приказната на Сузан на која по пошта ќе ѝ пристигне ракопис од романот на нејзиниот поранешен сопруг, а посветен токму на неа и нејзиниот живот. Филмското остварување ќе носи наслов Nocturnal Animals, а освен Форд и Клуни, ќе учествува и Грант Хеслов. Во шоу-биз светот се шпекулира и за Џејк Гиленхал, како и Ејми Адамс, но преговорите со нив сè уште траат.

Инаку, Том Форд веќе има искуство и во светот на седмата уметност. Во 2009 година тој дебитираше како режисер со остварувањето A single man. После долга пауза тој повторно се враќа во филмскиот свет, но засега не е познато кога проектот ќе биде претставен пред широката јавност.

Објавено:
27 март 2015
Категорија: 
Сцена