Совршен црвен килим на „Тајм 100“ забавата

25 април 2019

Магазинот „Тајм“ неодамна го објави специјалното издание за најуспешните 100 за 2019 година. Токму тоа беше повод за спектакуларната забава која ја организираа неодамна.

На истата присуствуваа голем број познати ѕвезди, а голем дел од нив беа меѓу стоте најуспешни.

Настанот привлече големо медиумско внимание и поради изгледот на познатите личности.

Од модна перспектива, речиси и да немаше модно промашување на црвениот килим, па може да се рече дека ова воедно била и една од најдобрите модни забави.

Актерката Бри Ларсон посебно го привлече вниманието во зелен долг фустан со џебови на здолништето, креација на модната куќа „Прада“. 

И Тејлор Свифт, која вечерта и ги забавуваше гостите, остави впечаток во фустанот во пастелни нијанси од брендот „J Mendel“. 

Актерките Џулијан Мур и Клер Келер беа „Живанши“ дуо, во совршена црно-бела комбинација, односно комплетно црна, но необична и интересна комбинација.

Емилија Кларк се одлучи за црвена принцез креација од „Долче и Габана“.

Наоми Кембел блесна во златна тоалета на „Версаче“, додека Марта Хант ги сврте погледите кон себе со пердувеста креација на Џејсон Ву, која одлично ја носи.

 

Како беа облечени останатите погледнете во продолжение:

Хасан Минаџ

Адам Рипон во креација на Џулиен Мекдоналд

Глен Клос во креација на Армани

Индија Мур во креација на Ирис Ван Харпен

Џенет Мок во креација на Џени Пекам

Џими Фелон

Калид

Рами Малек во „Живанши“

Сандра О во креација на „Оскар де ла Рента“

Софија Буш во креација на „J. Mandel“

Двејн Џонсон во креација на „Ралф Лорен“

Јалица Апарисио во креација на „Ред Валентино“

Марта Стјуарт

 

Инаку, на листата на 100 најуспешни се наоѓаат актерката Сандра О, која е пионер во овој избор, потоа Индија Мур, Криси Тиген, Двејн Џонсон, Реџина Кинг, Аријана Гранде, веќе споменатите Рами Малек, Бри Ларсон, Калид, Емилија Кларк, потоа и групата „Бтс“, Мершала Али, Доналд Трамп, папата Францис, Мишел Обама, Лејди Гага, дизајнерот Пјерпаоло Пичоли, Леброн Џејмс, Гејл Кинг, Марк Закерберг, Тајфер Вудс, шминкерката Пет Мекграт и многу други, а целосната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Објавено:
25 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
562 пати