Спајс Грлс се враќаат на филмското платно!

6 мај 2021

Сите оние кои беа фанови на Спајс Грлс, па и оние кои не беа, а живееја на планетава, знаеја за ненормалниот успех на овој женски бенд. Безброј концерти и настапи, а дури се остварија и на филмското платно.

Џинџер, Скери, Бејби, Спорти и Пош Спајс, во 1997 г снимија филм кој го носеше името Spice World. Наредната година, филмот прославува 25 години од премиерата, па се шпекулира дека девојките планираат да снимат продолжение. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spice Girls (@spicegirls)

Според The Sun, Гери Хорнер е иницијатор на проектот, а веќе има сценарист кој се согласил да ја напише приказната за вториот дел на Spice World.

Мелани Си, Ема Бантон и Мел Би ја поддржуваат идејата, додека сè уште нема глас од Пош Спајс, Викторија Бекам.

Првиот филм, иако доби доста негативни критики, заработи 70 милиони фунти. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spice Girls (@spicegirls)

Спајс Грлс се вратија на турнеја во 2019 г, без Викторија Бекам, која тогаш изјави дека со тешко срце се откажува од идејата, но дека мора да се посвети на семејството и бизнисот. Се надеваме дека сега, кога модниот бренд претрпе  големи загуби, на Викторија ќе и' треба мало развеселување па сепак ќе се одлучи да им се приклучи на девојките. Држиме среќа!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spice Girls (@spicegirls)

Објавено:
6 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
173 пати