Спок од „Ѕвездени патики“ замина во легендите

28 февруари 2015

Spok

Легендарниот актер Леонард Нимој, најпознат по улогата на Вулканецот Спок од серијалот „Ѕвездени патеки“ почина вчера во својот дом во Лос Анџелесе на 83-годишна возраст.

Актерот ја изгуби биткта со тешката болест на белите дробови, со која се бореше со години, а за која како што и самиот изјави во неколку наврати, е виновен неговиот долг пушачки стаж. И покрај тоа што три децении не посегна по цигари, Нимој не ја доби крајната битка.

Леонард Нимој остана запишан во поп-културата со улогата на Спок, во која за првпат се појавува во 1966 година, а униформата на Ѕвездената флота во серијата ја носи до првата пауза, во 1969 година.

Во легендарниот и многу обожуван лик од страна на пулбиката, се вложи себеси и своите животни и религиски погледи, но и Спок оставил трага кај Леонард, а токму за тоа зборува и во своите две книги „Јас не сум Спок“ (1975) и „Јас сум Спок“ (1995).

„И денес го чувствувам вулканското влијание во својот говор, ги гледам во себе општествените ставови на Вулканците, па дури и логиката и потиснувањето на емоциите, карактеристично за Вулканците“, вели во една од своите книги. И самиот признава, да има шанса да биде некој друг во животот, би го избрал Спок.

Но, неговиот уметнички опус не е врзан само за „Ентерпрајс“, бидејќи Нимој во текот на својот живот и кариера се занимава со режија, фотографија, музика, пишување поезија, а држи и часови по актерство.

spock

Паралелно со улогата на Спок, режира и два филма од серијалот „Ѕвездени патеки“, The Search for Spock (1984) и The Voyage Home (1986).

Најголемиот успех зад камерите го постигнува како режисер на комедијата „Три мажи и бебе“, а истовремено работи и како наратор за бројни емисии и научни програми, а помладата публика неговиот глас го препознава од новите филмови за Трасформери, како и играта Civilization IV.

P49_7_spock

Од јавноста се повлекува во 2011 година.

Неговиот последен твит предизвика многу емоции ширум светот:

„Животот е како градина. Можете да доживеете совршени мугови, но не можете да ги сочувате, освен во сеќавањата“, напиша Нимој, со препознатливата скратеница LLAP на крајот, посакувајќи им на своите обожаватели долг и среќен живот.

ln1

Инаку, Леонард е роден на 26-ти март 1931 година во еврејско семејство, која од Украина се сели во САД. Со глума се занимава од осмата година, а долго ја бара својата шанса во Холивуд. Во 1950-тите во потргата за првата своја улога, заработува пари како таксист, келнер, работник во кино, со што воедно ги плаќал и студиите на колеџот Пасадена.

Premiere Of Paramount's "Star Trek" - Arrivals

Колеџот го завршува во 40-тите години од својот живот, кога веќе е позната ѕвезда, а се здобива со диплома по шпански јазик на Универзитетот Антиок во Остин, кој му додели и почесен докторат.

Во последната деценија од животот се посвеtuva на своето еврејско наследство, а e и активен член на еврејската заедница.

Неговиот брак со актерката Сенди Зобер заврши со развод, а во 1989 година се ожени со уште една колешка, Сузан Беј, со која беше до крајот на животот. Нимој зад себе остави син и ќерка, Адам и Џули.

Голем број колеги и обожаватели се простија од актерот преку социјалните мрежи.

ln2

ln3

ln4

Објавено:
28 февруари 2015
Категорија: 
Сцена