Средбата помеѓу Џенифер Анистон и Бред Пит повпечатлива од сите САГ награди

20 јануари 2020

Лос Анџелес беше местото каде што вчера се собраа најпознатите личности од Холивуд. Причината беше 26 издание на САГ наградите.

Меѓу наградените беа Рене Зелвегер, Хоакин Феникс, филмот „Паразит“... но и Бред Пит и Џенифер Анистон.

Сепак, вниманието кон нив не беше само насочено поради наградите. Многу повеќе се зборува за прегратката и моментот кој го имаа зад сцената.

Ескпертите за говор на тело велат дека меѓу нив сè уште има љубов. Имено, позицијата на раката на Џенифер и тоа што Бред не ѝ ја пушта, говори за нивната длабока поврзаност и познавање, како и поддршка.

Во прилог на ова оди и видеото кога Бред за момент престанува да комуницира со сите околу него и го гледа говорот на Анистон на сцената преку телевизија, која ја прими наградата за Најдобра актерка во драма за „Утринско шоу“, додека таа пак со мил израз на лицето му честита за неговата награда - за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by E! News (@enews) onJan 19, 2020 at 6:11pm PST

Иако сите навиваат за нив, тие се сепак поранешни љубовници, кои успеале да останат пријатели, иако секако не веднаш.

Да биде уште поинтересно, Џенифер во белиот фустан на „Диор“ изгледа совршено, што Бред и тоа како го забележува, што се гледа и од фотографиите.

Нивната средба беше нешто што го одбележа ова издание на САГ наградите.

Објавено:
20 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
9.361 пати