Среќен роденден Натали Портман

9 јуни 2023

Прекрасниот црн лебед, Натали Портман е родена како Натали Хершлаг на денешен ден во Ерусалим пред 42 години.

Нејзината мајка е американка, додека татко, инаку лекар, специјалист за плодност, е со израелско потекло.

Во 1984 година Натали со родителите се сели во Америка, каде што ќе посетува еврејско основно училиште.

Уште од дете се чувствувала поинаку од другите, била многу амбициозна, љубопитна и знаела што сака.

Токму таа амбиција ќе ја донесе онаму каде што е сега, една од најдобрите актерки во Холивуд, добитничка на Оскар и два Златни глобуси.

Портман пред да зачекори во актерските води кратко време се занимавала со моделинг.

Во 1994 година, на само 12 години ја добива улогата во филмот Léon, каде ќе глуми заедно со познатиот француски актер Жан Рено. Натали маестрално ја одигра улогата на тинејџер, кој тренира да стане убиец, со цел да се одмазди за убиството на нејзините родители.

Следуваат уште многу успешни улоги во ред филмови од различен жанр како Beautiful Girls (1996), Everyone Says I Love You (1996), Mars Attacks! (1996).

Портман потоа се вклучува во франшизата на Star Wars портретирајќи ја кралицата Амидала.

Паралелно со актерството Натали студира на Харвард и во 2003 дипломира на отсекот психологија.

Улогата на Натали како проблематичната балерина Нина Сејерс беше таа што и го донесе оскарот за најдобра главна улога, во 2011 година.

За време на снимањето на Black Swan таа се запознава со нејзиниот сопруг Бенџамин, танчар и кореограф, и парот разменува завети во 2012 година.

Истата година се искачува на првото место на листата Најплатени актерки на Forbes.

Натали добива уште една номинација за Оскар, за нејзината улога како Џеки Кенеди во истоимениот филм до 2016 година.

Актерката, која е веган, е и голем активист за правата на животните. Портман не носи облека од животинско потекло и најмногу ја почитува дизајнерката Стела Мекартни токму поради нејзините колекции коишто ја поддржуваат истата кауза.

Портман во 2007 претстави и сопствен бренд на animal-friendly чевли.

Во 2010 работеше со Dior и се појави во неколку рекламни кампањи на брендот. Таа е заштитно лице на еден од парфемите на модната куќа Miss Dior, инспириран од Кетрин Диор.

Среќна 42-ка Натали Портман.

Фото :Pinterest 

Објавено:
9 јуни 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
153 пати