Српската манекенка Мијо Михаљчиќ ги освојува светските писти

6 ноември 2013

Ако почнеме да ги набројуваме сите ревии од светските модни недели на кои учествувала српската манекенка Мијо Михаљчиќ , нема баш да биде брзо и лесно. Мијо од изминатата година ја освојува светската модна сцена, а оваа сезона се вбројува во топ 10 модели што носеле најмногу креации и тоа дурина  53 ревии. Меѓу нив се: Клое, Селин, Александар Меквин, Прада, Версаче, Том Форд, Филип Лим и многу други.

 

Освен што умее да освојува на модната писта, зад 21 годишната Мијо стои и рекламната кампања за Зара и насловна страна на престижниот Вог. Во интервју за странски медиум таа открива детали околу нејзината кариера како и за приватноста. Дека големата амбиција може многу лесно да се претвори во реалност, е доказ токму оваа српска манекенка која иако само една година се занимава со манекенство  успеа многу, а среќата и ги донесе вистинските ангажмани. Од својата матична агенција во Белград ја советувале да отиде во Њујорк и таму да се понуди за договор со некоја голема модна агенција. Мијо го послушала советот и заминала само во „Големото јаболко“ каде откако чукнала на вратата на агенцијата IMG, по само 10 минути и било понудено да потпише договор.

Roberto Cavalli Roberto Cavalli

-Мој најголем сон беше да станам модел! Ме изненади брзината со која се случија нештата, а мојот живот се промени преку ноќ. Во модата нема одмор и застој, ова е сериозна одговорност и тешка работа. Баш тоа е она што не го знаец, ниту пак можев да го замислам пред да запливам во овие води, вели Мијо.

Stella McCartney Stella McCartney

Нејзина најголема импресија е соработката со Карл Лагерфелд, Донатела Версаче и  Том Форд. Порано поинаку ги доживував светските модели и многу им се восхитував, сега сите седиме заедно, разговараме и се дружиме, вели Мијо која додава дека ова е нејзината бајка која од сон преминала во реалност.

Zara Zara

-Модата е мојот мотиватор во животот, но сепак морам да се посветам и на образованието, а по завршувањето на правниот факултет би сакала и таа моја професија да ја вметнам во модата, на пример да бидам правник во некоја модна куќа, вели манекенката во врска со нејзините животни амбиции.

Iceberg Iceberg

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Сцена