Српската водителка Ана Михајловски во одличен аутфит: црно-бела асиметрија

13 февруари 2020

За фотосесија за магазинот „Gloria ", познатата српска водителка Ана Михајловски се стилизираше во одлично издание.

Со оглед на тоа дека таа важи за една од најдобро облечените ТВ лица во регионот, од неа не се очекува ништо помалку.

За оваа прилика нејзиниот избор беше екстравагантен аутфт базиран на црно-белата безвременска естетика во комбинација со асиметричен крој.

Сетот се состои од бела кошуала на еден ракав, потенцирана со волуменозна панделка и елегантно здолниште со висок струк каде акцентот повторно е на панделката поставена во предниот дел.

Одлична инспирација доколку ви следува некоја посебна пригода или свечен настан.

Фото: Инстаграм

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mihajlovski Ana (@an_amihajlovski) onFeb 12, 2020 at 8:32am PST

Објавено:
13 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.454 пати