Стариот добар Пол...

9 јуни 2016

„Бев многу депресивен тоа време, сигурен сум дека и вие би биле во истата сосотојба ако тоа вам ви се случеше. Се разделував од моите најдобри другари. Исто како да сте биле во војска заедно со години и доаѓа денот кога нема да се видите никогаш повеќе“.

Надоврзувајќи се со песната "Wedding Bells Are Breaking Up That Old Gang of Mine" ќе додаде дека распаѓањето на „Битлси“ се случило природно, очекувано токму поради тоа што сите членови од бендот формирале семејства и се одалечиле едни од други. Но, распаѓањето на „Битлси“ за Мекартни значело и несигурност за неговата иднина во музиката.

„Се прашував, како ќе се одвива сето тоа ако продолжам со музика? Не можам сите инструменти да ги свирам кога сум на сцена. Почнав да користам марихуана, алкохол и на почетокот ми беше добро, но после извесно време не бев среќен, целото мое задоволство отиде предалеку“.

Пол вели дека неговата сопруга Линда го убедила да започне нов проект.

„Поради некоја луда  причина сакав да се вратам на самиот почеток,од каде што почнав. Луѓето околу мене зборуваа дека Линда не знае да свири клавир, па ок и Ленон не знаеше гитара кога почнувавме, свиреше на бенџо. Од оваа временска дистанца, можев да завршам во некоја супер група заедно со Клептон, Џими Пејџ, Џон Бонам, но јас бев упорен да се вратам на мојот почеток. Мора да имаш нерви кога почнуваш сѐ од почеток, но тоа е тоа што го правиш во животот. Го сакам Канје мислам дека е одличен музичар и продуцент, и тој ме сака мене. Ќе ми дојде во студио со некоја луда идеја и ме инспирира“.

Како ќерка на големиот музичар познатата модна дизајнерка Стела Мекартни за своите родители вели : „Многу научив од нивната етичност.Тие и двајцата се познати вегетаријанци, борци за животната околина и тоа дефинитивно ме определи за моите животни ставови. Речиси 90 проценти од тие што доаѓаат во моите продавници не знаат дека јас не работам со кожа. Тоа е влијанието од моите родители. Да,тие ги отвараа вратите на душата, но и ги затвораа срцата“.

Периодов Сер Пол е на концертна турнеја и зрачи со истата енергија .

Објавено:
9 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
120 пати